Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше по телефон со јорданскиот крал Абдула Втори, на кој му соопшти дека Франција ќе помогне во зачувувањето на безбедноста на сириско-јорданската граница.
Претседателот Макрон „разговараше со јорданскиот крал за борбата против тероризмот, особено против Исламската држава, во рамките на меѓународната коалиција", се вели уште во соопштението од кабинетот на претседател на Франција. Освен тоа, Макрон го поканил кралот Абдула Втори да ја посети Франција во следните месеци.