САД наложија санкции на три претпријатија и едно физичко лице, обвинети за поддршка на трговските односи со Северна Кореја, и покрај ембаргото наложено на Пјонгјанг, соопшти американското Министерство за финансии.

Кинеското претпријатие „Далијан сан мун стар интернешнал логистикс трејдинг ко" (Dalian Sun Moon Star International Logistics Trading Co) и сингапурската филијала на СИНСМС се обвинети, дека изнесувале алкохол и цигари за Северна Кореја, фалсификувајќи документи за испорака.

Според американската администрација, нелегалната трговијата со цигари во Северна Кореја носи приходи од над милијарда долари годишно, велат од Министерството за финансии на САД.

Покрај тоа, санкции се наложени на руската компанија Профинет и нејзиниот генерален директор Василиј Колчанов. Тие обезбедувале пристанишни услуги за севернокорејските бродови, вклучувајќи и два танкери за нафта, кои долго време биле предмет на санкции.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2018 20:53