Околу 300.000 бегалци кои ја напуштија Сирија за време на војната, се вратиле од странство во својата земја, изјави генерал-полковник Михаил Мизинцев од Центарот за национална одбрана на Русија.

- Повеќе од 1,2 милиони внатрешно раселени лица се вратија во своите домови во Сирија во изминативе две и пол години, при што од странство се вратиле 300.000 бегалци, рече Мизинцев на состанокот на Заедничкиот координативен центар формиран од страна на руското Министерство за одбрана и надворешни работи за олеснување на враќањето на бегалците во Сирија.

Според Мизинцев, најинтензивниот процес на враќање на бегалците е на либанско-сириската граница, бидејќи само во текот на минатиот месец повеќе од 6.500 Сиријци се вратија од Либан во своите домови.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2018 00:11