Турција е подготвена да разговара со САД за своите моментални проблеми по услов да нема закани, изјави синоќа шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу.

Тој пред амбасадорите во Анкара изјави и дека повторно се нормализираат односите помеѓу Турција и Европска унија.

Чавушоглу најави средба со заменик претседателот на Европска комисија, Франс Тимерманс, со цел да се забрза визната либерализација за Турците.

Односите помеѓу Турција и САД се тензични поради взаемното воведувањето на царини, поради неослободувањето на американскиот пастор Ендрју Брансон, како и поради различните интереси во Сирија, каде САД ги поддржуваат Курдите.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2018 10:11