Агенцијата за борба против наркотици на САД и на Мексико ќе формираат заеднички тим во Чикаго против мексиканските нарко картели, нивните водачи и финансии.

Формирањето на тимот е со цел да биде запрена илегалната трговија со наркотици, што доведе до пораст на смртните случаи во САД поради преедозирање.

Командантот на операциите Ентони Вилијамс на заедничка прес конференција со претставници на мексиканската Влада, изјави дека таргетирањето на финансиите е клучна цел бидејќи „целта на нарко картелите е само едно -парите“.

Мексико е една од земјите преку кои влегува кокаинот во САД, а исто така е главен извор на хероин, но и на метамфетамини.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2018 10:20