Трендот на намалување на бројот на поднесени барања на азил во Австрија, што беше карактеристичен за првите шест месеци од 2018-та, продолжи и во втората половина од годината.

Минатиот месец во Австрија биле поднесени вкупно 1.066 барања за азил, што претставува намалување за 46,8 проценти во однос на истиот месец лани, кога апликации за добивање на азилантски статус поднеле 2.193 странци.

Според податоците на австриското Министерство за внатрешни работи, во периодот јануари-јули биле поднесени 8.264 барања за азил, што е намалување за 44,4 отсто во однос на истиот лански период, кога австриските служби примиле 14.866 апликации.

Најголем број од барателите на азил во Австрија се по потекло од Сирија, Авганистан, Иран, Русија и Нигерија.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2018 11:14