Турската владина Дирекција за управување при катастрофи и вонредни ситуации (АФАД) предупредува дека до 30 илјади луѓе може да загинат, ако земјотрес со интензитет од 7,5 степени по Рихтер го погоди реонот на Истанбул.

Директорот на АФАД, Мурат Нурлу даде изјава за Си-ЕН-Ен Турк пред претстојната годишнина од земјотресот со интензитет од 7,4 степени по Рихтер (на 17 август 1999 година) во северозападна Турција, при што загинаа над 17 илјади луѓе.

Нурлу денеска изјави дека ако во Истанбул се случи земјотрес со магнитуда од 7,5 по Рихтер околу 50 илјади луѓе може да бидат сериозно повредени и може да се урнат речиси 45 илјади згради. Околу 2,4 милиони луѓе може да останат без дом.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2018 16:20