Нула евра со посебен сериски број, заедно со виолетовата боја посебно ги воодушеви туристите од Кина каде марксовата филозофија и натаму е присутна во идеологијата на владејачката Комунистичка партија
Недељник - Белград
Банкнотите од нула евра станаа многу популарни меѓу туристите и колекционерите.
Банкнотата со ликот на Карл Маркс од нула евра ги воодушеви туристите кои за неа издвојуваат по три евра. Тоа го потврди и туристичкото биро во родниот град на Маркс, Трил во Германија, кое тврди дека оваа банкнота избила на врвот на листата на најдобро продавани сувенири.
Идејата за издавање на ваква банкнота потекнала од 200-та годишнина од раѓањето на Маркс и досега се продадени над сто илјади примероци.
- Никој не очекуваше дека овие банкноти ќе станат толку популарни. Нула евра со посебен сериски број, заедно со виолетовата боја посебно ги воодушеви туристите од Кина каде марксовата филозофија и натаму е присутна во идеологијата на владејачката Комунистичка партија, вели претставникот за туризам и маркетинг од Трир, додавајќи дека токму оваа банкнота е најпродавана од сите сувенири.
Идејата за банкнотата од нула евра потекна од францускиот бизнисмен Ришар Пале.
Тој бил инспириран од својот проект кога како сувенири продавал медали. Откако продал преку 60 милиони парчиња медали, тој решил да креира нови сувенири.
- Секоја година се обидуваме да креираме нова колекција која ќе го одразува културниот и туристичкиот пејзаж со сите свои разлики, како географски, така и секторски, изјави Фале.
Тој вели дека банкнотите од нула евра ги имаат сите карактеристики како и обичните банкноти. Нивниот квалитет е врвен, поседуваат воден жиг, холографска заштита и ефект видлив под УВ зраци.
Токму овие детали го привлекоа вниманието на колекционерите. На Ибеј за една банкнота од нула евра се плаќаат и по три илјади долари.
- Секоја банкнота е уникатна, бидејќи има свој сериски број. Постојат луѓе кои ги купуваат банкнотите чии сериски броеви се поклопуваат со годините во кои се родени, објаснува Фале.
Според него, колекционерите и бизнисмените имаат свои сопствени навики.
- Колекционерството е страст, а се што е поврзано со страста е ирационално, признава Фале, истакнувајќи дека не е ни чудо што светот побудале по еден ваков сувенир.