Државниот секретар на САД, Мајк Помпео синоќа формираше група за координирање на американската политика кон Иран.

Помпео најавувајќи го создавањето на групата го обвини Теехран за „бран на насилство и дестабилизирачко поведени насочено кон нас, нашите партнери и самиот ирански народ“.

Тој додаде дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп е подготвена за преговори со Иран, но за тоа да се случи „треба да видиме големи промени во поведението на режимот како внатре, така и надвор од границите“.

За директор на групата именуван е Брајан Хук, експерт за надворешна политика, кој од ноември минатата година раководеше со преговорите со сојузниците во Европа и во Азија за интензивирање на притисокот врз Техеран.

- Вашингтон ќе работи со други земји, за да не бидат воведени втори санкции поради Иран... САД ќе им помогнат на сите земји целосно да ги почитуваат санкциите, посочи Хук.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2018 10:29