Најмалку 164 луѓе загинаа во поплавите, што од 8 август, ја зафатија јужната индиска држава Керала, а спасувачките тимови со хеликоптери и чамци ги евакуираа стотиците загрозени жители.

Се евакуираат околу 150.000 заробените луѓе, кои се сместени во 1.200 приватни кампови.

Обилниот дожд во последните осум дена предизвика лизгање на земјиштето и поплави. Патиштата се оштетени, а во Керала нарушен е и воздушниот и железничкиот сообрачај.

Керала е популарно туристичко место.

Во монсунските дождови секоја година гинат стотици луѓе во Индија.

Според локалната служба за вонредни ситуации, тоа се најголеми поплави во последните сто години. Од мај, кога почнаа сезонските дождови, досега во поплавите загинаа над 200 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2018 11:26