Полицијата денеска повторно го испитува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во рамките на истрагата за корупција.

Две полициски возила пристигнаа во резиденцијата на Нетанјаху, додека демонстрантите пред влезот истакнаа транспарент на кој пишува „министер на криминалот“.

Нетанјаху ќе биде испрашан за случајот со телекомуникацискиот гигант Безек. Двајца блиски пријатели на израелскиот премиер се уапсени под сомнение дека промовирале прописи вредни повеќе стотина милиони долари за Безек. За возврат порталот на Безек, Вала наводно обезбедувал позитивно „покривање“ на Нетанјаху.

Пријателите на Нетанјаху потоа станаа државни сведоци.

Полицијата препорача и подигнување на обвинение против Нетанјаху за корупција за уште два случаја.

Нетанјаху негира каква било вмешаност и ги отфрла обвиненијата и наведе дека тоа е „лов на вештерки“.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2018 12:37