Градоначалникот на Лондон Садик Кан побара денеска од организации за вонредни ситуации во британската престолнина да разгледаат влијание кое евентуално, би имало од непостигнувањето договор врз пристап на лекови и храна, како и ефект од тоа врз закони и поредокот.

Кан додаде дека ќе го консултира Лондонскиот форум за вонредни ситуации задолжен за осмислување одговори на различни катастрофи во поглед на последиците за Британија во случај да излезе од ЕУ без договор.

Тој наведе дека таков „катастрофален“ исход сега е поверојатен од кога било.

Британија во март 2019 година треба да ја напушти ЕУ, но европски политичари се се погласни во предупредувањата дека растат шансите за непостигнување договор.

– Дури и министрите сега признаваат дека напуштањето на ЕУ без договор сега е поверојатно од кога било, се вели во соопштение на Кан. – Ние сега немаме друг избор освен да планираме сценарио за непостигнување договор, додава тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2018 13:31