Рускиот Совет за безбедност денеска го потврди претстојниот состанок меѓу својот секретар Николај Патрушев и американскиот советник за безбедност Џон Болтон.
Состанокот ќе биде одржан кон крајот на август, соопшти портпаролот на Патрушов, Евгениј Аношин.
- Состанок меѓу Патрушев и Болтон е планиран, вели Аношин и додаде дека се очекува да биде одржан во Женева на крајот на август.