Службеник од канцеларијата на локалниот муфтија во градот Терџан во источна Турција денеска пукал во свои колеги и во таа прилика убил двајца, а повредил четворица, по што се обидел да се самоубие.

Напаѓачот, исто така, е повреден.

Пукањето се случило за време на состанокот на имамот во муфтиската канцеларија.

Властите велат дека напаѓачот, кој има психолошки проблеми, се расправал со колегите пред да отвори оган врз нив.

Некои од повредените се во тешка состојба.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2018 20:06