Легендата на соул музиката Арета Френклин ќе биде погребана во својот роден град Детроит на 31 август, соопшти претставничката за медиуми на покојната пејачка, Гвендолин Квин.

Таа додаде дека на погребот ќе присуствуваат само членови на семејството и пријатели на „кралицата на соулот“.

Френклин ќе биде погребана покрај нејзиниот татко, сестри и брат.

Славната пејачка почина во четвртокот во својот дом во Детроит од рак на панкреас.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2018 11:12