Девојче од Флорида, кое исчезнало пред пет години, се јавило во локалната полиција, само за да каже дека е добро, но не и да открие каде сега живее.
Претходно месецов, сега 19-годишната Емили Пол, која најверојатно избегала од дома во 2013 година испратила писмо до семејството, па полициските власти на Фејсбук објавија видео повик со молба до девојката да оствари контакт со нив.
- Емили, нашата истрага има за цел единствено да се осигураме дека ти си безбедна... Сега си полнолетна и можеш да бидеш каде што сакаш. Јас немам право никому да му кажам каде си. Но, те молам јави се, многумина тука се грижат за тебе и те сакаат, па го заслужуваат тоа спокојство, нагласи претставникот на Полицијата во Округот Беј, Џејсон Дафин.
Таа телефонски се јавила во полицијата, само за да соопшти дека е „безбедна, среќна и згрижена“. Оттаму ја замолиле да го докаже својот идентитет.
Неполн час потоа, тие добиле и втор повик, од полицијата во градот чиј назив не се открива, којашто го потврдила идентитеот на девојката.
Така, иако местоположбата на девојката не се соопштува, случајот со исчезнување, стар пет години, е затворен.