Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс направи некои интересни коментари во врска со случувањата кај „Црвените ѓаволи“, најчесто поврзани со ѕвездата на тимот Пол Погба. Во последните недели има многу шпекулации за односите меѓу светскиот шампион со Франција и менаџерот на тимот, Жозе Мурињо. - Очигледно е дека има некакви проблеми меѓу Мурињо и Погба, читаме постојано за тоа, но всушност не знаеме ништо конкретно за ова прашање. Она што го знаеме е дека Пол треба да покаже поконзистентна игра. На секој му е јасно дека има талент, квалитети и физички предиспозиции. Но, тој покажува што може да направи само на еден од три-четири натпревари. Мислам дека Манчестер Јунајтед уште на стартот направи грешка. Во моментот кога беше привлечен, тој мораше да биде поставен за капитен. Требаше да му се даде оваа одговорност, изјави Сколс.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2018 12:23