Британската актерка Ема Томпсон упати повик кон шоубизнисот за повеќе улоги на големиот екран за возрасни актерки. Добитничката на две награди „Оскар“ е позната по улоги во историски драми, а сега ја игра улогата на судијка во Семејниот оддел на лондонски суд, која има свои фамилијарни проблеми во „The Children Аct“. Таа треба да ги решава судбините на бројни малолетни деца и на нивните семејства. На премиерата на филмот, Ема објасни дека ја прифатила улогата, бидејќи била привлечена од судбината на нејзиниот лик, кој се здобил со моќ во многу машки свет. - Кога го кажуваме зборот судија, по инстинкт замислуваме маж. Ми се допадна приказната за оваа судијка и веднаш се вклучив во проектот, изјави Томпсон. Таа истакна дека недостатокот на доволно добри улоги за актерките кои не се во цветот на младоста, е проблем кој очекува да биде решен, било да е тоа и на долг рок. - Мажите во нашата бранша не се поставени на ист начин. Работите не се промениле многу долго време. Но, понекогаш се појавуваат некои добри улоги и тоа ме исполнува со надеж, коментира Томпсон.