Министерот Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, денеска ја посети фабриката за производство на месни производи „Пекабеско“ АД Скопје.
За време на посетата, Шапуриќ ги посети производствените погони и лабораторијата и беше запознат со процесите на производство и технологија во компанијата.
Од Кабинетот на министерот информираат дека менаџментот на компанијата изразил задоволство од определбата на Владата за финансиска поддршка на домашните компании.
- Со оваа поддршка, покрај досегашните 470 вработени, опрема, капацитет на производство и друго размислуваат за понатамошно развивање и инвестиции во сопствениот капацитет. Исто така и на пронаоѓање нови пазари за извоз, што исто така подлежи на финансиска поддршка од Планот за економски раст на Владата за зголемување на конкурентноста, се наведува во соопштението од Кабинетот на министерот Шапуриќ.