Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска ги разреши премиерот Андреј Кобјаков и тројца министри со образложение дека не биле ефикасни.

Кобјаков беше премиер од 2014 година. За негов наследник е именуван директорот на Развојната банка на Белорусија, Сергеј Румас

Лукашенко именува и четири потпретседатели на Владата, како и нови министри за економија, за комуникации и за индустрија.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2018 13:49