Светските лидери и истакнати јавни личности изразија залење поради смртта на поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, кој денеска почина на 80 години.

Рускиот протседател наведе дека го ценел Анан поради неговатата мудрост и храброст.

- Искрено се воодушевував на неговата мудрост и храброст, како и на неговите одлуки донесени дури и во најтешките и најкритичните услови. Русите засекогаш ќе го зачуваат сеќавањето на него, истакна Путин.

Актуелниот генерален секретар на ОН, Антониот Гутереш, порача дека на многи начини Анан „бил ОН“.

- Тој се издигаше меѓу редовите и ја предводеше организацијата во новиот милениум со невидена гордост и одлучност, потенцираше Гутереш.

Министерот за надворешни работи на Иран, Мухамед Џавад Зариф порача на неговиот Твитер налог дека Анан бил глобален лидер и „неуморен шампион на мирот, правдата и владеењето на правото“.

Дека неговата борба никогаш нема да биде заборавена порача францускиот претседател Емануел Макрон, додека премиерката на Велика Британија Тереза Меј изјави дека Анан го направил светот подобар од што бил кога тој се родил.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг посочи дека ОН и светот изгубиле еден „џин“.

Поранешниот јужноафрикански надбискуп Десмонд Туту се збогува со Анан, истакнувајќи дека светот треба да се заблагодари на Бог поради него.

Тој додаде дека Анан ја претставувал Африка со голем интегритет.

- Денеска жалиме за загубата на голем човек, лидер и визионер, објави Агенцијата на ОН за миграција (УНХЦР) на Твитер по повод смртта на Анан.

Како што јави МИА, поранешниот генерален секретар на Обединети нации и добитник на Нобелова награда за мир, Кофи Анан, денеска почина на 80 години.

Анан е роден во 1938 година во Гана и беше седми генерален секретар на ОН во периодот од 1997 до 2006 година.

Тој беше и специјален претеник на ОН за Сирија.

Анан заедно со ОН во 2001 година ја доби Нобеловата награда за мирн, за нивната „работа кон подобро организиран и помирен свет“.

Тој беше оженет и татко на три деца.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2018 16:43