Лидерката на германската Социјалдемократска партија, Андреа Налес, навести дека Берлин може да размисли за давање на помош на Турција за актуелната економска криза во земјата.
- Може да дојде до ситуација во која ќе биде нужно Германија да и помогне на Турција, независно од политичките тензии со претседателот Реџеп Тајип Ердоган, изјави Налес.
Таа посочи дека Турција е членка на НАТО и дека тоа не може да се игнорира.
- Во интерес на сите е Турција да остане економски стабилна, истакна Налес.
Од почетокот на годината, турската лира опадна за повеќе од 35 отсто во однос на американскиот долар.
Корпоративниот долг, инфлацијата и влошените односи со САД само придонесоа за проблемите на Турција.