Од 1900 година просечниот животен век ширум светот е двојно зголемен благодарение на подобрената здравствена заштита, санитарните услови и достапноста до храна.
Но, една нова студија за долговечноста на Италијанците покажува дека се уште не сме стигнати до горната граница на човековата долговечност.
- Ако постои некаква фиксна биолошка граница ние се уште не сме близу до неа, вели Елизабета Барби, чие истражување е објавено во журналот „Сајанс“.
Моментниот рекорд е поставен пред 21 година кога Французинката Жан Калмен почина на 122-годишна возраст.
Тим научници од Медицинскиот колеџ „Алберт Ајнштајн“ од Њујорк во 2016 година наведоа дека госпоѓа Клемен е уште понеобична отколку што се сметало. Тие утврдиле дека луѓето достигнале фиксен животен век чиј максимум е околу 115 години.
Извесен број критичари се спротиставија на тоа истражување.
- Податоците биле лошо претставени, а статистиката преполна со грешки, изјави Зикфрид Хекими, биолог од Универзитетот „Мекгил“ во Монтреал.
Долго е познато дека стапката на смртност е висока во детството и потоа опаѓа по првите години од животот. Потоа повторно се искачува кај луѓе во 30-ти години и врв достигнува, кај популацијата во 70-ти и 80-тите години.
Ако скалата на смртност расте експоненцијално во екстремно доцните години тогаш човечкиот живот би можел да трае колку што проценил тимот од „Ајнштајн“.
Но, тоа не е она што доктор Барби и нејзините колеги го откриле. Меѓу есктремно старите Италијанци стапката на смртност престанува со растот - кривата на врвот станува рамна.
Експертите исто така откриле дека стапката на смртност кај луѓе кои доживеале 105-та година е нешто пониска. Брендон Нихолан, коавтор на студијата која дошла до заклучок дека човековиот век има крај, ја доведува во прашање новата студија.
Истражувањето било ограничено на седум години проучување на животниот век во една држава. Тој го доведува до прашање и тоа како тимот анализирал добиени податоци. Тие истражувале две можности. Дека стапката на смртност продолжила со експоненцијален раст или дека на врвот има рамна линија. Според него, вистината би можел да биде некаде во средината.
Доктор Хекини од друга страна ја поздрави студијата и смета дека нејзините заклучоци се многу интересни и изненадувачки.
Новото истражување не објаснува зошто стапката на смртност стагнира кај најстарите. Една можност дека некои луѓе имаат гени поради кои се послаби од другите. Послабите умираат пред оние кои се поотпорни.
Рамната стапка на смртност незначи дека стогодишниците ќе живеат подолго. Новата студија покажува дека тие имаат повеќе шанси да починат од оние кои се во 90-годишна возраст.
- Староста на Жан Калмен нема лесно да се достигне, вели Том Кирквуд, соработник од Универзитетот во Њу Касл, кој не учествувал во новата студија.
- Колку скалата се подигнува со секој соборен рекорд, толку потешко е да се достигне, вели тој.