Најмалку 14 лица беа повредени и однесени во болници, откако реквизитите на влезот на туристички комплекс во кој концерт требаше да одржи групата Бекстрит бојс, се урнаа и повредија гледачи.

Инцидентот се случи во американската држава Оклахома. Концертот требаше да се одржи во комплексот „Вин Стар“, но почнала голема бура. Организаторите почнале да ги евакуираат гледачите.

Силниот ветар сепак ги турнал реквизитите на влезот на комплексот и целата конструкција паднала врз гледачите, соопштуваат американските медиуми

За концертот на познатата група биле продадени околу 12.000 билети.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2018 13:59