Фудбалер од Премиер лигата и играч од пониските нивоа на англискиот фудбал ќе бидат испрашувани од полицијата откако кон нив е упатено обвинение дека дрогирале и силувале француски модел, пренесе „Дејли Стар“. Според извештајот, еден од вклучените играчи играл на Светското првенство. Имињата на двата играчи и моделот не се откриваат поради истрагата која е во тек. Жената се сретнала со двајцата, како и со пријател, на вечера пред да заминат во ноќен клуб во областа Мејфер. Моделот танцувал со фудбалската ѕвезда, а потоа го бакнала. Таа тврди дека испила само две чаши шампањ и вотка, но почнала да се чувствува лошо и повратила, па вечерта за неа морала да заврши. Кога се враќаат во нејзиниот стан во Вестминстер, моделот продолжува да се чувствува лошо и буквално паѓа во креветот. Според сведочењето пред полицијата, таа се буди додека фудбалерот има секс со неа, откако тој ја симнал нејзината долна облека додека била онесвестена. Иако се обидела, таа не успева да избега од ѕвездата и повторно се онесвестува. Кога се буди, на креветот покрај неа е пријателот на играчот од Премиер Лигата. Таа му кажува што се случило и бара помош, но наместо тоа фудбалерот од пониските нивоа на англискиот фудбал ја силувал. Овој пат, сепак, девојката успева да се извлече, а потоа повторно паѓа во несвест. Кога се буди, мажите ги нема. Таа се обидува да го пријави случајот во лондонската полиција, но локланата станица била затворена, па тоа го прави тоа во Париз кога се враќа во францускиот главен град.