Северна Кореја се согласи персонал на Меѓународната организација за цивилна авијација (ИЦАО) да раководи со инспекцискиот надзор, за да се осигура безбедност на меѓународните летови, соопшти денеска Агенцијата на Обединети нации со седиште во Монтреал.

ИЦАО планира да испрати персонал следната година со цел да се осигура дека Северна Кореја не лансира ракети.

Инспектори на ИЦАО треба да надгледуваат дали се почитува меѓународната регулатива и да се осигура безбедност на меѓународните летови, а тоа ќе се постигне со чести посети на севернокорејската Управа за авијација и ќе се разговара со надлежните лица.

Надзорот над севернокорејската Управа договорен е уште во мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2018 16:11