Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска соопшти дека е договорено примирје со талибанските бунтовници за време на муслиманскиот верски празник Курбан бајрам.

- Условното примирје ќе почне в понеделник и ќе трае се додека талибанците го чуваат и почитуваат, посочи Гани на церемонијата по повод Денор на независност на Авганстан.

Се уште е непознато дали талибанците го прифатија примирјето за време на празникот, кој почнува во вторник и трае четири дена.

Талибанците во текот на месецот почнаа интензивни борби со авганистанските сили за стратешки важниот град Газни, кои траеја пет дена, а при тоа загинаа околу 150 војници и 95 цивили.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2018 10:26