Коосновачот на модниот бренд „Супердрај“ (Superdry), Џулијан Данкертон денеска соопшти дека донирал еден милион фунти на група кој се залага за нов референдум за излез на Велика Британија од Европска унија.

Денкертон, чии модни брендови се продаваат во 46 земји ширум светот изјави дека ја поддржува кампањата „Глас на народот“, бидејќи според него Брегзит ќе биде катастрофа и се уште постои можност да се промени тоа.

„Гласот на народот се залага за референдум за конечниот договор помеѓу ЕУ и Велика Британија.

До излезот на Велика Британија од ЕУ има уште седум месеци, а разговорите помеѓу Лондон и Брисел се во застој. И двете страни оценуваат дека најверојатно Велика Британија ќе излезе од Унијата без договор.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2018 10:35