Иранските власти денеска објавија дека Европа треба да ги забрза своите напори за спасување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и големите сили од кој се откажа американскиот претседател Доналд Трамп во мај, објави Иранската телевизија.
- Европејците и другите потписници на договорот (Кина и Русија) се обидуваат да го спасат договорот ... но процесот е бавен. Треба да се забрза, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Бахрам Касеми, на прес-конференција пренесувана во живо на државната телевизија.
- Иран се потпира главно на сопствените способности за надминување на новите санкции на САД, додаде тој.
Европските држави се борат за да обезбедат Иран да добива доволно економски бенефиции за да се убеди да остане во договорот откако САД се повлекоа.