Со енергичниот настап на групата „Дубиоза колектив“ засилена со познатиот трубач од Струмица, Џамбо Агушев, и со настапите на „Црвена јабука“ и Саша Ковачевиќ, синоќа беше спуштена завесата на трите завршни музучки вечери на Струмица опен фестивал.
На големата фестивалска сцена на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица последни настапија „Астра-ион проект“.
Годинашново издание на Струмица опен фестивал завршува на 26 овој месец со полумаратонската трка низ улиците на градот.