Американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со кралот на Јордан изјавил дека Израел ќе има премиер кој ќе се вика Мухамед ако нема решение за палестинско-израелскиот конфликт.

Израелскиот телевизиски канал 10 денеска објави дека тоа Трамп го изјавил во полу-шеговит тон, во Белата куќа во јуни при посетата на јорданскиот крал, а откако кралот Абдула рекол дека многу млади Палестинци сакаат „една држава со еднакви права".

Телевизијата наведува дека Трамп му рекол на кралот Абдула дека ако не дојде до договор меѓу Палестинците и Израелците, за неколку години Израел ќе има премиер кој ќе се вика Мухамед.

Канал 10 соопшти дека тоа е потврдено од израелски и поранешни американски официјални лица кои присуствувале на состанокот, како и јорданската амбасада во САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2018 15:18