Голманот на Киево, Стефано Сорентино предвреме го заврши натпреварот против Јувентус, откако поради повреда добиена во дуел со Кристијано Роналдо беше изнесен од теренот.
Голманот по ударот беше зашеметен, а доби и скршеница на носот и го повреди рамото.
Меѓутоа, Сорентино и покрај повредите е воодушевен од постапката на напаѓачот на Јувентус, кој беше многу загрижен за неговата здравствена состојба, односно за повредата која му ја нанесе.
- Роналдо ми испрати порака и беше многу загрижен за она што се случи. Го интересираше дали сум добро. Ти благодарам, легендо, објави денеска Сорентино на социјалните мрежи.
Во 89-та минута додека повредениот Сорентино лежеше на тревата, фудбалерите на Јувентус постигнаа гол, a благодарение на ВАР технологијата погодок беше поништен. Меѓутоа, Киево во саботата сепак беше поразен со 3:2, но Роналдо не постигна гол на неговиот прв натпревар за Јувентус.