Музичарот Мерилин Менсон колабираше за време на концертот во Хјустон. Контроверзниот уметник и се пожали на публиката дека чувствува топлотен удар и за време на изведбата на песната „Sweet Dreams (Are Made of This)“ падна на сцената.

Настапот во Хјустон беше прекинат, но турнејата „Twins of Evil: The Second Coming“ ќе продолжи со концерт во Денвер.

Според обожавателите на 49-годишниот Менсон причината за инцидентот на концертот во Хјустон е исцрпеноста на музичарот по бројните и напорни настапи во изминатиот период.

Менсон се уште официјално не се огласи за состојбата на неговото здравје.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2018 18:33