Турските безбедносни сили денеска приведоа две лица осомничени за нападот врз Амбасадата на САД во Анкара.
Шест истрели утрово беа испукани врз Амбасадата на САД од возило во движење. Три куршуми ја погодиле капијата и прозор од Амбасадата. Во инцидентот никој не е повреден.
Полицијата го пронајде и автомобилот со кој беше извршен нападот.
Според турската телевизија НТВ, напаѓачите се двајца мажи на возраст од 38 и 39 години. Кај едниот од нив е пронајдени и пиштол, од кој е пукано врз Амбасадата.
Приведените признале дека учествувале во инцидентот.
Полицијата ги засили безбедносните мерки за амбасадите во Анкара веднаш по инцидентот.
Претходно, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калин го осуди инцидентот, нагласувајќи дека нападот врз Амбасадата на САД е обид да се создаде хаос.