Министерот за безбедност на Бразил, Серхио Ечегоен изјави дека државата нема да ги затвори границите кон Венецуела и покрај тензиите што предизвикаа напади врз венецуелски мигранти.

Според него, затворањето на границите би било нелегално и не би и помогнало на ситуацијата во пограничната област Пакараима каде се случија нападите.

Жителите на таа област во Бразил нападнаа венецуелски мигранти во саботата откако локален сосптвеник на продавница беше ограбен, избоден и потоа претепан. За тој напад жителите на Пакараима обвинија четворица мигранти од Венецуела. Во Пакараима има околу 60.000 мигранти од Венецуела, додека градот има 12 илјади бразилски жители.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2018 09:52