Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека неговата земја мора да ја развие својата армија за да ги спречи другите земји да ја заземат нејзината територија и ресурси.

- Мораме да бидеме подготвени да се бориме против воените сили кои сакаат да ја заземат нашата територија и ресурси, рече тој во говор по повод Националниот ден на воената индустрија.

- САД не се осмелуваат да го нападнат Иран, бидејќи се свесни за воената моќ на Исламската Република и високата цена за таков конфликт, нагласи Рохани.

- Зошто САД не не нападнат? Поради нашата моќ, бидејќи се свесни за последиците, рече Рохани.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2018 10:41