Муслиманите денеска го прославуваат Крбан бајрам додека околу два милиона верници спроведуваат завршни обреди на аџилакот во Саудиска Арабија.
Верниците се собрани во комплексот Мина каде фрлаат камења на три столба што е симболично каменување на ѓаволот.
Тој ритуал се извршува до заоѓање на Сонцето.
Аџилакот е една од петте главни верски обврски на исламските верници. Последниот ден од аџилакот се совпаѓа со почеток на Курбан-бајрам.