Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска беше исвиркан при обраќањето на 50-годишнината од задушувањето на Прашката пролет. Демонстранти извикуваа „срамота“ и го исвиркаа Бабиш кога тој стана да зборува, обвинувајќи го милијардерот - политичар за неговото некогашно членство во Комунистичката партија на Чехословачка.

Одбележувањето на годишнината од советската интервенција во тогашна Чехословачка помина со низок профил во Чешка, каде и премиерот Бабиш и претседателот Милош Земан имаат блиска соработка со Русија. Во своето обраќање, Бабиш изјави дека нападот од страна на Советскиот Сојуз и другите членки на Варшавскиот пакт бил брутален и предизвикал сериозни човечки жртви.

Комунистичка Чехословачка почна да спроведува политички и економски реформи во текот на 1960-ите години, а Прашката пролет во 1968 година почна со изборот на Александар Дубчек за прв секретар на Комунистичката партија на Чехословачка, и неговите најави за забрзани реформи и давање повеќе права на граѓаните. Загрижени од овој развој на настаните, властите во Москва наредија напад врз Чехословачка од страна на советските сили и армиите на Бугарија, Полска и Унгарија ја нападнаа Чехословачка и за неколку дена ја окупираа земјата. Најмалку 79 лица беа убиени во инвазијата, а стотици ранети, додека илјадници побегнале од земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2018 15:19