Студент од Бристол стана еден од најбогатите Британци откако ја продаде својата компанија на светски познатиот дански конгломерат Ново Нордиск за 620 милиони фунти, објави „Дејли Меил“.

Хари Дестекроа, штотуку дипломиран студент на Универзитетот на Бристиол, ја основал фирмата Зијло, заедно со свој професор и локален бизнисмен, заради истражувања и развој на лекови против дијабетес.

- Ново Нордиск, како водечка компанија во истражувањата околу дијабетесот, е идеална за да го доразвие она што ние го почнавме, да развиваме инсулини и дијабетски апликации што на дијабетичарите ќе им даде надеж за далеку поефикасни третмани, изјави Дестекроа.

Научниците од данската компанија потполно се согласуваат дека ова истражување има потенцијал да биде од огромна важност за оваа категорија пациенти.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2018 17:05