Сојузот на скандинавските и северни фудбалски асоцијации одлучија да го поддржат Александар Чеферин за нов мандат како претседател на УЕФА.

Одлуката беше донесена на состанокот на федерациите на Данска, Фарските Острови, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска во Хелсинки.

Секоја асоцијација испрати писмо до УЕФА со одлуката да застане зад Чеферин за време на конгресот на 7-ми февруари во Рим.

Чеферин беше избран за претседател во 2016 година. Тој го замени Мишел Платини, откако Французинот беше исфрлен од фудбалот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2018 04:06