Мајкл Коен, поранешниот личен адвокат на претседателот на САД Доналд Трамп, прифатил да се изјасни виновен пред судија во момент кога беше соочен со можноста да биде официјално обвинет за даночна и банкарска измама, јавија неколку американски медиуми.

Официјално информациите не се потврдени, и не е познато за кои обвиненија Коен прифатил да се изјасни виновен.

Судот во Менхетен потврди дека е предвидено рочиште подоцна денеска, за време на кое ќе биде познато по кои обвиненија Коен ќе се изјасни виновен.

Телевизија Си-Ен-Ен објави дека Коен се предал на ФБИ и дека со договорот за признавање вина, вклучува и време кое тој ќе го помине во затвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2018 04:17