Поранешниот шеф на изборната кампања на претседателот на САД, Доналд Трамп, Пол Манафорт прогласен е за виновен по осум точки од обвинението за даночна и банкарска измама и непријавување банкарски сметки во странство. Поротата не успеа да постигне консензус за останатите 10 точки од обвинението.

Порототата го прогласи Мамафорт за виновен за две од девет обвинувања за банкарска измама, сите пет обвиненија за даночна измама и една од четири обвиненија за непријавување сметки во странство.

Судијата прогласи дека судењето не е валидно за 10 точки од обвинението во поглед на кои поротата не можеше да постигне консензус.

Судењето на Манафорт, долгогодишен републикански оперативец, е прво што е одржано во рамки на истрага за руското мешање во американските претседтаелски избори во 2016 година што ја води специјалниот обвинител Роберт Малер.

Обвинувањата за Манафорт воглавно се однесуваат за период пред да работи во кампањата на Трамп.

Обвинителите го обвинија дека од американските даночни служби скрил 16 милиони долари заработени како политички советник на проруски политичари во Украина и потоа лажел банки за да обезбеди кредит од 20 милиони долари откако му пресушил изворот на приходи од Украина.

Трамп се обиде да се дистанцира од Манафорт по пресудата нагласувајќи дека сето тоа нема врска со него.

– Се чувствувам многу лошо поради Пол Манафорт. Јас во тоа не сум вмешан, наведе американскиот претседател.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2018 10:52