Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, може да се пресели во Премиер лигата. Според АС, Манчестер Сити во Костариканецот гледа замена за повредениот Клаудио Браво.

Сити е во потрага по голман, откако Браво се повреди посериозно и неговата рехабилитација може да трае неколку месеци, па дури и до крајот на сезоната.

Од друга страна конкуренцијата за голманската позиција во Реал е голема со доаѓањето на Тибо Куртоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2018 11:23