Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон денеска изјави дека САД не бараат смена на власта во Иран.
- Да бидеме јасни, американската политика не предвидува смена на режимот во Иран. Но, сакаме да видиме голема промена во однесувањето на тој режим, изјави Болтон на прес конференција во Израел.
Болтон во минатото повикуваше на американска интервенција за смена на власта во Исламската Република. По неговото именување како советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, тој појасни дека се работи за негови ставови кои не се дел од американската политика.