Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, пред утрешниот прв натпревар од плејоф двомечот за пласман во групната фаза од Лига Европа против „Розенборг“ во Норвешка истакна дека очекува два тешки натпревари против квалитетна екипа.

Османи наведе дека пред да допатуваат во Трондхајм го анализирале противникот, за кој истакна дека имаат сериозна почит.

- Во фудбалот се е можно. Ќе се обидеме да ги искористиме нашите шанси за да се пласираме во групната фаза. Имаме тим кој оствари успешни резултати минатата сезона во првенството, а лани имавме добри резултати и во Лига Европа, изјави тренерот на македонскиот првак.

Тој очекува за патникот во понатамошната фаза да се одлучува на реванш натпреварот во Скопје.

Натпреварот меѓу Розенборг и Шкендија на стадионот „Ленкаран“ во Трондхајм се игра утре со почеток од 20:45 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2018 20:15