Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека побарал од државниот секретар Мајк Помпео да ја следи ситуацијата во Република Јужна Африка во врска со конфискацијата на земја и убиствата на фармери.

– Побарав од државниот секретар Помпео внимателно да се анализира конфискацијата на земја и фарми во Јужна Африка и масовните убиства на фармери, напиша Трамп на Твитер.

На 1 август претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамапоса објави дека владејачката партија Африкански национален конгрес подготвува промени во Уставот за да може да се експропира земја без плаќање обештетување. Белците и понатаму поседуваат најголем дел од земјата во државата и по две децении по крајот на апартхејдот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2018 09:31