Регулатрната комисија за енергетика денеска ќе одржи подготвителна седница на која ќе го разгледува Предлог-тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај.

Владата на вчерашната седница донесе решение за формирање Комисија за спроведување на постапка за избор на универзален снабдувач, која треба да ја спроведе на постапката за избор и најдоцна до 3 септември годинава да го достави јавниот повик и тендерската документација до Владата на усвојување.

Согласно новиот Закон за енергетика, универзалниот снабдувач ќе биде задолжен по регулирана цена да ги снабдува со електрична енергија тарифните потрошувачи кои нема да излезат на слободниот пазар по 1 јануари 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2018 09:33