Германската канцеларка Ангела Меркел изрази својата желба Германец да биде претседател на Европската комисија следната година дури и ако се откажат од амбициите во врска со Европската централна банка
Според весникот Ханделсблат, кој повикува на неименуван извор од германската влада, приоритет на Меркел не е ЕЦБ, туку ЕК.
Весникот објави дека канцеларката верува оти претседавањето со ЕЦБ е пред се прашање на престиж, додека претседавањето со ЕК е политички поважно.
Германскиот кандидат за ЕЦБ е актуелниот шеф на Бундесбанк, Јенс Вајдман, и нема изгледи дека ќе биде избран бидејќи тој повторно ја критикуваше „политиката на евтини пари" што ја застапува шефот на ЕЦБ, Марио Драги за поттикнување на економијата на земјите од еврозоната, за која смета дека е многу неповолна за германските штедачи и предизвика несогласување на некои земји од југот.
Неколку клучни позиции на европските институции треба да се обноват во 2019 година, меѓу кои е и позицијата претседател на Комисијата, каде во моментот е Жан-Клод Јункер од Луксембург.
Како потенцијални германски кандидати, според Ханделсблат, се актуелниот министер за економија, Питер Алтмаер и министерката за одбрана, Урсула фон дер Лејен, а се споменува и Манфред Вебер, претседател на застапничкиот клуб на Европската народна партија.
За наследник на Јункер често се споменува од Французинот, Мишел Барние, кој во моментов е главен преговарач Брегзит во име на ЕУ.