Од средината на 90-тите години од минатиот век, западните земји произведоа најмалку 100 хемиски агенси слични на „новичок", се вели во соопштение објавено на веб-страницата на Руското Министерство за надворешни работи.
Министерството потсетува дека во јануари 1993 година Москва беше меѓу првите што ја потпишаа Конвенцијата за хемиско оружје и веднаш ја започнаа нејзината примена.
- Кога станува збор за супстанција наречена „новичок" во западните земји, нејзината структура беше првпат претставена во 1998 година во базата на податоци на Националниот институт за стандардизација на САД, се вели во соопштението на руското министерство.
Оттаму информираат дека околу 20 земји на Западот истражувале слични супстанции, како што е новичок од средината на 1990-тите години, кои ги проучувале начините да го купат, како и неговите штетни ефекти.
Во извештајот се додава дека генералниот директор на Секретаријатот за организација на забраната за хемиско оружје (ОЗХВ) ја потврди конечната елиминација на хемиското оружје во Русија.