Англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити го врати во тимот 19-годишниот голман Аро Муриќ, кој беше позајмен на холандска Бреда пред три седмици.
Причината за тоа е сериозната повреда на Клаудио Браво и неговото сигурно отсуство на подолго време.
Манчестер Сити сакаше да побара дозвола од Премиерлигата за итно изнајмување друг голман, но прописите се јасни и тоа не може да се случи бидејќи летниот трансфер рок во Англија заврши.
198-сантиметри високиот Муриќ се уште нема дебитирано за првиот тим на „граѓаните“. Црногорецот досега има забележано настап за тимот до 23-години.